Три улици во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради дефекти во водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „425“ во населбата Иго Тричковиќ, „Иван Цанкар“ и „Никола Вапцаров“.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.