недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Пецаков: Започнавме со голема акција за чистење на диви депонии во Охрид

Пецаков: Започнавме со голема акција за чистење на диви депонии во Охрид

Започна големата акција за чистење на диви депонии на територија на Општина Охрид, информира градоначалникот Кирил Пецаков.

„Се чистат диви депонии на девет локации, кои беа мапирани од страна на ЈП „Охридски комуналец.

Во акцијата учествуваат сите општински јавни претпријатија, со луѓе и механизација, а дополнително е ангажирана и механизација од страна на економските оператори со кои имаме соработка“, истакна тој.