сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Пецаков предупредува: За еден ден три сообраќајни несреќи, во политика одлуки од инает не се носат!

Пецаков предупредува: За еден ден три сообраќајни несреќи, во политика одлуки од инает не се носат!

„Во 24 часа 3-та сообраќајка, не дај Боже да треба брзата помош при сообраќајка да се движи тука. Во политика од секакви побуди може да се носи одлука, само од инает НЕ”, објави на својот Фејсбук профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Застој и чекање за влез и излез во градот има со часови, а причина за ваквата состојба се градежните работи за реконструкција на патот Подмоље-Охрид. Градоначалникот побара од надлежните, активностите да се одложат по завршувањето на летната сезона, но не наиде на разбирање.

-Како и да е уште првиот ден го ископавте влезот да не се премислите случајно, понудивте двојно пари на изведувачите ако завршат пред рокот, јас само се надевам нема да имаме проблеми во овие тешки три недели пред нас ако се 3 се разбира, стои во објавата на охридскиот градоначалник Пецаков.

Министерот за транспорт и врски Бочварски побара туристите и граѓаните да се стрпат бидејќи како што рече се ќе заврши до 10 јули пред шпицот на сезоната.

Од неодамна, поради реконструкција на патниот правец Подмоље-Охрид, сообраќајот се одвива по стариот пат Охрид-Струга, што предизвика големи реакции во јавноста, пред се’ поради безбедноста на овој патен правец.