вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Плодна година во лозарството, се најавува голем интерес за откуп на грозјето

Плодна година во лозарството, се најавува голем интерес за откуп на грозјето

Годинава за лозарството ќе биде плодна. Грозје има многу, а се најавуваат и доста побарувања, истакнаа градоначалниците на Кавадарци, Росоман и Неготино по денешната средба со инистерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Според нив, се работи на утврдување на производствената цена.

На средбата било нагласено и дека „Повардарие“ ќе го исплати долгот кон лозарите до 15 јуни.

– Разговаравме околу годинашниот откуп на грозјето, како и околу измените и дополнувањата на законските одредби со цел лозарите да имаат гаранции при откупот, информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев по средбата.

Градоначалникот на Неготино Тони Делков соопшти дека било разговарано и околу годинашниот род на лозјата и состојбата со вино во винарниците. – Генерално оваа година има доста грозје, станува збор за плодна година. Ќе има доста побарувања за грозје. На наредниот состанок ќе разговараме околу откупот и цените, изјави Делков.

Росоманскиот градоначалник Бранко Јанев рече дека се работи на утврдување на производствената цена за килограм грозје, врз основа на што ќе се утврдуваат и цените за родот оваа година.

Иако се разговарало само за грозјето, на новинарско прашање Јанев додаде дека се разговарало и за родот на праските. – Ова е добра година за производителите на праски. Одговараат климатските, но и условите на пазарот. Во моментов има добра цена, а квалитетот е исто така добар. Се надевам дека и во иднина нема да има проблем со праските, нагласи Јанев.

Од преговорите се задоволни и лозарите.

Тиквешко е најголем производител на грозје во државата, а во Росоманско се произведуваат најголеми количини на праски.

Денешната средба со Николовски е продолжение на состаноците кои почнаа во Министерството заедно со претставници на винарската визба „Повардарие”, земјоделци и пратеници.