недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Трагедија во Грција: Почина тригодишно дете, се задуши од грозје

Трагедија во Грција: Почина тригодишно дете, се задуши од грозје

Тригодишно дете се задушило од грозје на грчкиот остров Тинос, пренесуваат грчките медиуми.

-До задушувањето најверојатно дошло откако момчето јадело грозје, објави грчката „Прототема“.

Таткото веднаш го однел детето во полициска станица, која се наоѓа во близина на семејната куќа. Таму му пружиле прва помош и во таа прилика од устата на детето извадиле најмалку две зрна грозје.

-Но додека детето било однесено до болницата со полициско возило, веќе било доцна. Тоа починало, пренесува медиумот.