ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола денеска на подрачјето на општина Могила ќе врши превентивна систематска дератизација.
Дератизацијата ќе се изведува со поставување на родентициди, парафински блокови, односно отровни мамци во 90 канализациски шахти од канализацискиот систем на општина Могила, како и во 30 шахти во објекти од посебен јавен интерес на тамошната локална самоуправа.
Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информираат дека со дератизацијата ќе бидат опфатени воспитно образовните институции, односно училиштата „Гоце Делчев“ во Могила и „Браќа Миладиновци“ во селото Добрушево, објектите на полициската станица и локалната Пошта, како и други објекти на јавни установи во општината.
Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување, посочуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.