вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Прилепската болница и натаму „кубури“ со простор и кадар

Прилепската болница и натаму „кубури“ со простор и кадар

Прилеп и натаму е меѓу водечките градови во земјава според бројот на заболени и починати од Ковид 19.

За два дена има 117 ново регистрирани седум починати или 85 од почетокот на пандемијата. На болничко лекување се 114, 64 во инфективното и новите ковид центри а 50 во дневната болница, информираат надлежните.

Шефот на кризниот штаб – градоначалникот доктор Илија Јованоски кој волонтерски е вклучен во лекувањето на болните и во организација на ковид центрите тврди дека со реорганизацијата сега нема долги чекање за добивање на дневна терапија. Но и натаму има недостиг од медицински кадар. За хоспитализираните во секој оддел се грижат по две сестри и два болничари, реално се потребни по тројца во смена а има недостиг и од лекари.

Целиот текст може да го прочитате на Канал5.ком.мк