Во однос на штетите од синоќешниот земјотрес на територијата на општина Могила ве известувам дека во текот на утрешниот ден ќе се одржи Вонредна седница на Совет на општина Могила, ќе се формира Комисија за проценка на штетите и ќе побараме одржување на итна седница на Владата на Република Македонија, на која ќе се разгледа состојбата во општина Могила.
Дополнително утре ќе бидете известени за заклучоците и преземањето на конкретните мерки, пишува во својата објава на Фејсбук Драганчо Саботковски, градоначалник на општина Могила