недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Сајкоски од Крушево: Ова се избори каде што граѓаните на Република Македонија треба да кажат СТОП на корупцијата, криминалот и нереализираните лажни проекти

Сајкоски од Крушево: Ова се избори каде што граѓаните на Република Македонија треба да кажат СТОП на корупцијата, криминалот и нереализираните лажни проекти

„Вечер кога дојдов во Крушево видов една работа дека на 17-ти октомври Крушево ќе има нов градоначалник и тоа ќе биде Билјана Проеска, со претседател на Совет од нашата политичка опција. Мислам дека релативизираат и кажуваат дека овие се обични локални избори, дека се избори каде што се бира само градоначалник, дека се избори кои што треба да поминат формално. Но, јас сакам тука во Крушево да кажам дека ова се едни од најзначајните избори за нашата држава“, истакна Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Крушево.

Сајкоски додаде дека ова се избори каде што граѓаните на Република Македонија треба да кажат СТОП, СТОП за корупцијата, СТОП за криминал, СТОП за нереализираните и лажни ветувања од страна на власта предводена од Зоран Заев.

„Граѓаните на Република Македонија треба да кажат СТОП за градоначалници кои што ветуваа многу пред четири години. Како градоначалникот на општина Крушево, а не реализира ниту 10% од тоа што го ветуваше. Оставивме ние ТИРЗ зона тука, меѓутоа во таа ТИРЗ зона до денеска нема ниту еден реализиран проект. Во Крушево нема реализиран ниту еден проект, ама да знаете дека во цела Македонија нема донесено ниту еден инвеститор изминативе пет години од страна на оваа Влада“, заклучи Сајкоски.

Сајкоски ги повика граѓаните на 17-ти октомври да излезат во што поголем број на гласање  за да се стави крај на оваа власт. Оваа власт направи единствено штети во сите сфери. Власта ветуваше многу на земјоделците но не даде ништо. Власт која вети градба на патишта, а сите автопатски решенија се стопирани од нив. Оваа власт е на штета на македонскиот народ.