понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Снегот ја спречи наставата во кривопаланечките села Нерав и Огут

Снегот ја спречи наставата во кривопаланечките села Нерав и Огут

Учениците од подрачното училиште на ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка од селата Нерав и Огут, денеска не отидоа на настава, поради непроодноста на патот, големите наноси од снег и високата снежна покривка, информира директорот на училиштето, Дане Петровски, пренесува МИА.

Селото Нерав се наоѓа на надморска височина до околу 1.300 метри, додека Огут е на околу 1.000 метри надморска височина, а во двете подрачни училишта во селата настава посетуваат вкупно 12 ученици.

– Поради големите снежни наноси кај месноста Метежевски преслап, според информациите од службите за зимско одржување при локалната самоуправа, патот до село Нерав е непристапен, а и до Огут се пробива тешко. Поради тоа, а пред се заради безбедноста на учениците и во координација со нивните родители, утринава одлучено е настава денеска да не биде реализирана во двете училишта. Во село Огут има пет ученици, додека во Нерав настава посетуваат седум деца. Наставата ќе се реализира дополнително, а според службите, до утре патот ќе биде пристапен и расчистен, информира Петровски.

Според него, ова се двете најоддалечени и најтешко пристапни во зимски услови села кои се лоцирани во ридско планинско подрачје на Кривопаланечкито регион.