петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Студентите по музика на Универзитетот во Тетово на протест поради професорката Бесиана Мехмеди (ФОТО)

Студентите по музика на Универзитетот во Тетово на протест поради професорката Бесиана Мехмеди (ФОТО)

„Були-јана Мехмеди“, „’81-ва не е далеку“, „Без студенти нема универзитет“… Ова беа само дел од паролите на студентите по музика на Универзитетот во Тетово кои денеска протестираа против, како што велат, заканите и уцените од професорката Бесиана Мехмеди и одлуката на деканот на Факултетот за уметности кој реагираше само со опомена за професорката.

Студентите протестот го започнаа од центарот на градот кон Универзитетот, каде наидоа на затворени врати за да не влезат во дворот.

Студентите порачаа дека нема да се предадат сè до оставка на професорката. Тие рекоа дека протестот е порака до сите студенти да не молчат за неправдите.

– Нека биде порака до сите студенти на овој универзитет дека секој професор кој навредува, уценува, се заканува треба да биде осуден и замолчен. Гледам дека на протестите имаме и граѓански организации кои дојдоа да ги поддржат студентите. УТ е огниште на знаењето, основано со крвта на народот и нема да дозволиме никој да ги гази трудот и жртвите, изјави Арди Лена, студент.

Протестот беше поддржан и од Форумот за промени во образованието. Бленди Ходаи од овој форум порача дека универзитетите не треба да имаат професори кои ги фаќаат студентите за гуша.

Целата вест може да ја прочитате на Алсат-М.