Јаболката од минатогодишната берба завршија дел во Преспанското езеро, дел во реките кои течат во близина, пренесе „ТВ 21“.
Производителите се жалат на немањето пласман и ниската откупна цена. Тие за ТВ21 велат дека им ги откупуваат за половина денар по килограм и дека тоа е неисплатливо. Се надеваат само на три денари кои им се ветени од државата.