Традиционален панаѓур се реализира денеска во Демир Капија, во чест на православниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.
– Бројните трговци и излагачи на најразлични видови производи, детските реквизити што се поставени во центарот на градот, како и околните ресторани и винарии, со добрата музика, храна и вино, ќе го исполнат сечиј ден со задоволство и забава за сечиј вкус, информираа од демиркаписката локална самоуправа.
Оттаму ги повикаа сите кои сакаат незаборавни доживувања, да ја посетат Демир Капија и да уживаат во демиркаписките атрактивни убавини, природни богатства за љубителите на различен вид туризам.