Уште тројца здравствени работници се позитивни на коронавирус во Кавадарци, со што Тиквешкиот регион бележи нови 55 лица со Ковид-19, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Новозаболените се на возраст од 8 до 75 години. Во Кавадарци се 30 лица, а четири во Росоман, 18 во Неготино и три во Демир Капија.