понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

„Вистината за ДУИ“: По 5.000 евра месечно повеќе му се исплаќале на приватниот партнер за зонско паркирање во Гостивар

Во рамките на кампањата „Вистината за ДУИ“, што ја почна Таравари, во континуитет се одржуваат прес-конференции на кои се обелоденуваат наводни злоупотреби извршени од страна на поранешното раководство на Општина Гостивар, а кои ги констатирала внатрешната ревизија.
„Вистината за ДУИ“: По 5.000 евра месечно повеќе му се исплаќале на приватниот партнер за зонско паркирање во Гостивар

Во рамките на кампањата „Вистината за ДУИ“, прес-конференција одржа портпаролот на ЈП „Јавни паркиралишта и зеленило“, Расим Абдул, при што информираше за наводен спорен договор, склучен во минатиот мандат, со приватниот партнер за зонско паркирање.

„Како што информиравме на минатата прес-конференција во рамките на кампањата ‘Вистината за ДУИ’ за неправилностите кои ги воочивме во ова претпријатие, денеска ќе го одвоиме склучениот договор за зонско паркирање помеѓу нашето претпријатие и приватниот партнер ‘Дуна компјутерс’ од Скопје. Сметаме дека процентот наменет за приватниот партнер бил превисок, а исто така имало и други престапи. Всушност, според договорот предвидени се 38 проценти за горенаведената компанија и 62 отсто за јавното претпријатие. Процентот бил предвиден во нето, додека цело време исплатата била вршена во бруто, со што јавното претпријатие е оштетено просечно по 300.000 денари, или пет илјади евра месечно“, изјави Абдули.

Тој ги информира граѓаните на Гостивар, дека поради овие злоупотреби, од вчера договорот со приватниот партнер е раскинат и дека паркирањето ќе биде слободно на неопределено време.

„Ги разгледуваме сите можности, се надеваме на што подобро решение и сигурно ќе ве информираме во наредните денови за конечното решение“, изјави портпаролот на јавното претпријатие.