четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК – Ресен: Заев нема да присуствува на митингот, бидејќи нема што да ги лаже граѓаните на Преспа!

ВМРО-ДПМНЕ ОК – Ресен: Заев нема да присуствува на митингот, бидејќи нема  што да ги лаже граѓаните на Преспа!

Почитувани вечерва во нашиот град актуелната власт ќе одржи митинг.

Како што веќе знаете актуелниот премиер не е дел од делегацијата .

Зошто?

•Нема што полошо да донесе за нашата општина?

•Нема што да ги лаже граѓаните на Преспа?

•Остана без нови лаги за земјоделците?

Но, добро познатиот филозоф Сенека рекол: “Еден дел од нашето време ни го крадат, добар дел ни го измамуваат, а делот што останува неприметно се губи“

Епа за да не го губиме ни ја прати Шекеринска да ни каже дека сме во Нато , додека луѓето горат во болниците .

Да ни каже дека им купила нови чизми на војниците додека соседството се подновило со најнова артилериска опрема .

Да ни каже дека откупот на јаболкото е загарантиран?

Да не излаже дека имаме потврдена цена за индустриското јаболко исто колку и новиот откупен центар што ќе го изградеше⁉️

И да “Нема вистина во личност која не е во состојба да го контролира својот јазик и лагата”

Може да бегате од Ресен , но не и од одговорноста‼️

Ќе одговарате‼️, стои во Фејсбук реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК – Ресен, по повод денешниот митинг на СДСМ во РЕсен.