Во изминатото деноноќие на Инфективното одделение во велешката болница починати се четири пациенти. Најмладиот од нив е 51 годишен велешанец. Во текот на изминатото деноноќие починати се уште двајца велешани на возраст од 70 и 89 години. На Инфективното одделение починал и 68 годишен пациент од Св. Николе, пренесува Велес365.ком
Во велешката болница до вчера имаше 80 хоспитализирани пациенти, што е најмногу од почетокот на пандемијата во Велес. Во целост беше исполнето Инфективното одделение со 55 пациенти колку што има и кревети со дополнување на капацитетот во ова оддление. На Интерно Б крак има 14 пациенти од 15 кревети со колку што располага и 11 пациенти се сместени на лекување во Одделението за физикална медицина, а кое располага со 25 кревети.
На кислородна поддршка до вчера беа 28 пациенти најмногу досега од почетокот на пандемијата.
Извор: Велес365.ком