Во текот на јули годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово во тетовскиот регион вкупно откриле и соодветно санкционирале 1896 сообраќајни прекршоци.
-Поради констатирани различни видови прекршоци, од сообраќај биле исклучени 109 возила и 259 возачи. Седумдесет и едно исклучено возило имало истечена регистрација, кај 37 била утврдена техничка неисправност и кај едно претовар. Најмногу од исклучените возачи,пак, ( 129 ) управувале без возачка дозвола, 54 управувале под дејство на алкохол, 70 возачи-почетници не се придржувале на законски предвидените ограничувања, а шест управувале со важечка забрана, информираат од СВР Тетово.
Во овој период ( јули годинава ), на поширокото гостиварско подрачје откриени и законски санкционирани се 1071 сообраќајни прекршоци.
Во јули од сообраќај биле исклучени 107 возила и 127 возачи. Од исклучените возила, 62 имале истечена регистрација, 39 техничка неисправност, шест претовар.
108 од исклучените возачи управувале беа положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, петмина управувале под дејство на алкохол,7 возачи-почетници и 7 мотоциклисти не користеле заштитна кацига.