Во Општина Велес има тројца службеници кои се позитивни на Ковид-19, а петмина вработени се во изолација. Во Територијална Противпожарна Единица има четири лица кои се во изолација.
Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес-конференција информира дека во Локалната библиотека и Народниот музеј нема ни позитивни, a нема ни во изолација.
Во ЈКП „Дервен“ има шест позитивни и 15 вработени се во изолација.
Како што посочи Коцевски, во овие институции вкупно девет вработени се позитивни на Ковид-19, а 24 вработени се во изолација.