среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Аеродромци со порака до Марин: Криминалци, марш од Аеродром (ФОТО)

Аеродромци со порака до Марин: Криминалци, марш од Аеродром (ФОТО)

Голем број на граѓани, жители на општината Аеродром, денес се собраа на протест да го искажат својот револт поради неисполнетите ветувања на градоначалникот Златко Марин од СДСМ.

И покрај ветувањата на надлежните, и покрај она што Марин го говореше во предизборната кампања, во Аеродром ќе се гради огромна зграда на постојното зеленило.

Според одобрението за градба, издадено од општината, на парцелата пред Мајчин дом ќе се гради станбено-деловен објект со вкупна површина од 3.500 метри квадратни.

Аеродромци порачаа:

Гласав за уништување на зеленилото во Аеродром.

Криминалци, марш од Аеродром, Марин!