понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

АНАЛИЗА: Зошто Центар стана полоша општина за живеење изминативе 4 години? (трет дел)

АНАЛИЗА: Зошто Центар стана полоша општина за живеење изминативе 4 години? (трет дел)

Точно 8 километри квадратни е територијата на општина Центар, единица на локална самоуправа која нема суштински инфрастуктурни проблеми како некои рурални општини за да нема време да биде континуирано унапредувана.

Во секоја од изминативе 4 години доколку СДСМ-овскиот градоначалник Богдановиќ унапредуваше по само 2 километри квадратни од општината немаше сега постепено секој ден со ранци и торби да ја напушта градоначалничката канцеларија туку ќе се бореше за нов втор мандат. Повеќе од 4 години, СДСМ на Центар им го нуди единствениот реализиран проект, ОУ „Киро Глигоров“ како достигнување на жителите на оваа општина.

Но, за да функционира нормално ова ново училиште беа повлечени најдобрите наставници од ОУ „Кочо Рацин“ и ОУ „Димитар Миладинов“ и тамошните дечиња беа оставени без нивните учителки среде воспитниот процес.

Токму околу тоа училиште започна најбруталната “без усул”бетонизација на Капиштец долж улиците „Козара“ и „Шарски Одред“ каде уште долги години квалитетот на живот на тамошните жители нема да се подобри од прашината и бучавата.

Клучниот проект во делот на транспортот и инфраструктурата на Богдановиќ во неговата програма беше: ЗАПИРАЊЕ НА НЕКОНТРОЛИРАНИТЕ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ.

Не постои ни најмал дожд во Центар од кој не се поплавува улицата „Рилски Конгрес“ на Водно, жителите повеќе од 20 пати реагирале после секоја поплава и повторно немало разбирање од никого во општината иако Богдановиќ јавно им вети дека ќе се обнови атмосферската канализација.

Дури ни реализацијата на наједноставните проекти ветени од Заев и Богдановиќ во Центар не се реализирани, како оние за поставување мерни станици за звучност и бучава во Капиштец, каде сега звучноста од кафулињата директно заштитени од нивни комунални директори од градот Скопје е двојно зголемена.

Реконструкцијата на Езерце во Градски Парк остана на ниво на графички приказ од страна и на Богдановиќ и на Заев и на Жерновски.

Круната на лагите на Заев и Богдановиќ во Центар беше проектот отворено кино на паркингот спроти хотелот Холдеј Ин! Таму денес наместо кино и паркинг ќе никнат облакодери за кои толку невешто и толку проѕирно Богдановиќ се обидуваше да се апстрахира иако не ги искористи сите правни алатки кои му стоеја на располагање да ја спречи таа мега бетонизација на Центар. Позади секој неуспешен и некандидран градоначалник на СДСМ стои неспособноста на Зоран Заев кој како премиер не можел да помогне во реализацијата ни на 30% од ветените проекти на граѓаните насекаде низ државата, а особено во Центар.