недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Андоновска: Колку пари ги чини скопјани и градот недомаќинското работење на екс градоначалникот Шилегов?

Андоновска: Колку пари ги чини скопјани и градот недомаќинското работење на екс градоначалникот Шилегов?

Првото прашање се однесува на директорот на Паркинзи, би сакала многу накратко да ве прашам во каква состојба го затекнавте јавното претпријатие, што е она што вие го преземавте во овој период од кога вие сте назначени за директор и сакам да ми дадете посебен осврт на еден момент, односно тоа е проектот паметен град кој што го отпочнал екс градоначалникот Шилегов? Според информациите кои што ги имам во рамките на овој проект за паметен град реализирано е или нереализирано е тоа вие ќе ни кажете и делот на паметен паркинг. Што значи паметен паркинг јас никаде не го гледам тој проект, а од друга страна имам информација дека екс градоначалникот Шилегов потрошил 380.000 евра за оваа намена, праша Марија Андоновска, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за поставување на советнички прашања.

Андоновска истакна дека второто прашање се однесува за реконструкцијата на Универзална сала, посочувајќи дека според официјален записник од 2021 година нотирани се проблеми со проектната документација односно проблем на поставување на ново проектирани конструктивни елементи врз трафостаницата во рамки на објектот, незадоволително ниво на вградена армирана бетонска конструкција  што претставува опасност за стабилноста на објектот, надвор од пропишаните стандарди  за безбедност како и низа на неправилности во работењето изминатите четири години.

-Второто прашање е за Универзална сала, постојат официјални записи кои укажуваат дека екс градоначалникот Шилегов и СДСМ имале грешки во проектната документација и пари наменети за реконструкција на Универзалната сала и се трошеле неплански и несоодветно. Имено детектирани се бројни недостатоци меѓу кои и потребата за дополнителни два носечки столба. Постои записник од 6 јули 2021 година каде се нотирани проблеми со проектната документација каде јасно укажува дека постои проблем со поставување на ново проектирани конструктивни елементи врз трафостаницата во рамки на објектот. Еден месец потоа утврдено е  незадоволително ниво на вградена арматура на бетонска конструкција  што претставува опасност за стабилноста на објектот, надвор од пропишаните стандарди  за безбедност. Од друга страна нотирани се и низа неправилност на Универзална сала во изминатите четири години, потенцираше Андоновска.

Андоновска нагласи дека Универзалната сала нема веб страна, а за иронијата да биде поголема две години се уплаќаат финансиски средства на фирма за одржување на истата, како и дека во 2019 година е изнајмено луксузно службено возило за 380.000 денари, додека сумата за изнајмување на истото возило во 2020 година е двојно намалена за 150.000 денари.

-Замислете Универзална сала една до две години нема официјална веб страница, прво со тоа крши законската обврска годишната завршна сметка да биде објавена на веб старана. За иронијата да биде поголема Универзална сала уплаќа финансиски средства на фирма за одржување на веб страна, а веб старана нема. Зошто е ова вака, праша Андоновска и додаде дека истата нема направено ниту вонреден попис. Универзална сала во 2019 година изнајмува луксузно службено возило за 380.000 денари. А во 2020 година го изнајмува истото службено возило за двојно помала цена односно за 150.000 денари. Зошто има Универзална сала за едно вакво службено возило и зошто сумата е различна во однос на 2019 и 2020 година, рече таа.

Андоновска праша што планира Град Скопје во однос на Луна парк, објаснувајќи дека според информациите со кои располага донесена е пресуда за исплата на 50.000 евра од страна на Град Скопје за изведувачот  на проектот, бидејќи екс градоначалникот од СДСМ Шилегов не ги исполни обврските врз изведувачот.

-Со доаѓање на Шилегов на позицијата градоначалник се прекинува изградбата на детскиот парк а кои што имаше физибилити студија за основен проект како и склучен договор за набавка и монтажа на реквизити и одобрение на истите. Каде се чувани реквизитите овие четири години, дали Град Скопје требало да плати за чување на овие реквизити и дали градот и граѓаните се оштетени што овој проект е стопиран и нереализиран. Колку изгубил градот, а колку изгубиле граѓаните? Воедно имам информација дека Шилегов е тужен од  изведувачите за неисполнување на дел од обврските и за истото има пресуда од Апелација за 50.000 евра, а во процедура е и нова пресуда која исто така би го оштетила и градот и граѓанинот, децидна е Андоновска.