„Би сакал да го истакнам задоволството од тоа дека со ангажманот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поддржана од дел од другите советници успеавме да вметнеме неколку многу важни проекти во рамки на овој ребаланс во износ според моите пресметки поголема од 60 милиони денари. Во таа смисла ние се фокусиравме на три клучни аспекти, првиот аспект е социјална заштита во време на криза со кој што се обезбедија 15 милиони денари помош во кризно време за најпогодените лица во македонското општество. Тоа се децата без родители, лицата во социјален ризик и општествен ризик, кои што ќе се соочат најостро со кризата која што од енергетска прераснува во финансиска и економска. Потоа се обезбедија и средства за Црвениот крст. Се обезбедија и за втората фаза освен социјалната заштита ни беше и инфраструктурата во Град Скопје, и тука успеавме да обезбедиме изградба на улици во општина Чаир како што е и улицата Максут Садик, и улицата Фрањо Клуз во општина Аеродром“, истакна советникот во Советот на Град Скопје од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.
Тој посочи дека исто така останува последниот дел, а тоа е за кој што се коментираше многу, а тоа е во делот на културата. Со задоволство може да каже дека се обезбедија и средства и во тој дел, како и во делот на спортот.
„Тука е и поддршка на фудбалскиот клуб Вардар, а и овозможување на нормално работење на Универзалната сала“, рече Андоновски.
„Искрено посакувам на тој буџет за 2023 година да не мора да поднесеме ниту еден амандман, да тој да биде целисходен, правилно распореден, да немаме големи средства за договорни услуги и за разни трансфери, договорни трансфери во рамки на кабинетот на градоначалникот и други околности. Туку буџетот да биде за инфраструктура, за развој, за социјална заштита, за култура и за спорт“, појасни советникот.
Тој рече дека треба да се поттикнат и другите советници да се приклучат проактивно и да делуваат во Советот, наместо само да критикуваат.