Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска на својата официјална Фејсбук страница направи катастрофална грешка во обид да го честита денешниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание кој е од особена важност за историјата и идентитетот на македонскиот народ.
Имено, таа под честитката за празникот имаше објавено стара фотографија од град Скопје во време кога градоначалник беше Коце Трајановски.
За тоа говори и самиот текст на фотографијата каде пишува: „Ден на востанието 75 ГОДИНИ АНТИФАШИЗАМ“.