вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска им должи 112.500 евра на советниците: Поради неисплатен надомест, правдата ќе ја бараат на суд

Арсовска им должи 112.500 евра на советниците: Поради неисплатен надомест, правдата ќе ја бараат на суд

Дури 112.500 евра им должи Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска на советниците во Советот на Град Скопје. Тие пари треба законски да ги добијат како надомест за извршувањето на нивната функција, а дел од нив наплатата ќе ја бараат преку суд, пишува ПлусИнфо.

Според информациите до кои дојде Плусинфо во разговор со неколку советници, ниту еден од нив нема добиено пари за  мај, јуни, јули, август и за септември, во висина од една просечна плата или околу 500 евра.

Ова го потврдува и претседателот на Советот, Трајко Славески, кој вели дека средствата редовно се уплаќале до април, а според него Арсовска има дадено усна наредна парите повеќе да не им се исплаќаат

-Точна ви е информацијата околу долгот на град Скопје кон советниците. На нив, според закон, им следува месечен надомест за извршување на функцијата во висина од една просечна плата, исплатена во РМ во изминатата година, во бруто износ (се задржува персонален данок). Заклучно со април оваа година, надоместот се исплаќаше редовно, кога по наредба на Арсовска, најверојатно усна, Сектор за финансии престана да го исплаќа надоместокот, вели Славески, пренесува порталот.

Тој додава дека не им се исплатени надоместоци на 45 советници. Дел од нив имаат испратено опомени пред тужба, дури се подготвени парите да си ги бараат на суд.

Целата вест прочитајте ја на ПлусИнфо.