сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска: Нудам поинаков и поиновативен пристап, базиран на знаење и меѓународно искуство, решенија за секојдневните и реални проблеми на скопјани

Арсовска: Нудам поинаков и поиновативен пристап, базиран на знаење и меѓународно искуство, решенија за секојдневните и реални проблеми на скопјани

Она кое планирам да го понудам за Скопје верувам дека ќе биде различно од се она кое што досга беше понудено и се нуди од останатите кандидати. Нудам еден поинаков и поиновативен пристап за начинот на кој се планира да се води градот. Мојот пристап ќе биде базиран на знаење, компетенции, на сето мое меѓународно искуство кое го имам како претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, изјави кандидатката за градоначалник Данела Арсовска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Арсовска вели дека за таа цел секој ден има средби со скопјани и целни групи на граѓани кои даваат свој печат за што е она кое треба да се имплементира во нејзината програма за да таа биде една финална целина која понатаму ќе биде програма на градот Скопје.

Во однос на нападите кон неа, Арсовска посочи дека уште од првиот ден манипулираат и ја напаѓаат, таа нема да се фокусира на тоа, туку ќе води позитивна кампања базирана на решенија за скопјани.

– И покрај сите напади кон мене уште од првиот ден, јас сепак ќе водам исклучително позитивна кампања, базирана на квалитет, реализација и она што можам да го понудам да биде решение за скопјани. Врз база на моето искуство како претседател на ССК, знам дека резултатите за градот можам да ги испорачам во две години, а од крајот на мандатот да се надоградат со дополнителни проекти, а проектите кои ќе бидат презентирани и исполнети ќе бидат важни за решавање на сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните, рече Арсовска. Како дел од проектите кои ќе биде насочена нејзината работа таа истакна дека тоа ќе биде справување со урбанистичкиот хаос, справување со хаосот во сообраќајот, чистење на дивите депонии. – Во поглед на урбанизмот треба доследно да се почитуваат законите, ние во Македонија имаме закони, и тие треба да се почитуваат до крај, нагласи Арсовска.