Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник за Град Скопје, на вечерашниот митинг во Гази Баба ги поздрави коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ, како и Алијансата за Албанците и Алтернатива, кои како што посочи ќе ја донесат големата победа во градот Скопје, а пред граѓаните на Гази Баба вети дека скопјани нема повеќе да живеат во супстандардни услови, да пешачат со километри за јавен превоз или да пливаат по улиците кои се без асфалт, во Скопје мора да се врати надежта дека ако се сака може да се реализираат ветените проекти.
-Ќе бидам личноста која ќе им помага на скопјани и ќе докаже дека е возможно градот да се грижи за нив, за скопјани и граѓаните на Гази Баба ќе видите дека е возможно некој да се грижи за вас, а градот ќе биде достапен за сите, нема повеќе ароганција, ниту безобразни политичари кои не реализираа ништо, рече Арсовска.
-Ни 44 години да им дадете нема да реализираат ништо, затоа што од празните ветувања и неработењето не може да има резултати, а Скопје не е град кој во моментов се развива, многу места посетив во овие месеци, а дел од нашите граѓаните живеат во супстандардни услови, и тоа е затоа што некој не сака да помогне, не затоа што не може, ако се сака сè се може, посочи Арсовска.
Таа истакна дека за Раштак, Булачани, Виниче, Страчинци, Инџиково, Брњарци, но и за голем дел од останатите населби во Гази Баба ветува дека повеќе нема да се заборавени, секое место ќе добие подеднакво внимание и ќе заживеат во 21-от век, затоа што во моментов дел од нив немаат вода, ниту фекална канализација, кога врне дожд пливаат по улиците, а немаат ни асфалтирани улици, немаат ни автобуски станици, а пешачат со километри за да стигнат до превоз, затоа вели Арсовска мораме да овозможиме сето она кое недостига во овие места да се реализира.
-Навремениот еколошки автобуски превоз со новите 250 автобуси, којшто нема да се чека со часови, е нужност за скопјани, да ја вратиме надежта кај граѓаните дека ако нешто се сака, може да се реализира, јас ветувам дека ќе ја вратам надежта, посочи Арсовска.