Градоначалничката Арсовска денес се сретна со претставниците на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на локално ниво, Бардул Марку, Наташа Николовска Станковиќ и Гинка Капитанова, информираат од Град Скопје.
Арсовска и претставниците од СРМА разговараа за потенцијална соработка за засилување на капацитетите на градската администрација и за можностите за зголемување на фискалниот капацитет на општините.
На средбата се разговараше и за можностите за системско поврзување меѓу општините и други институции со цел размена на информации за даночните обврзници, а претставниците на проектот изразија и интерес за соработка со ЗЕЛС за учество во измените на националната регулатива, се вели во соопштението од градот.