Лагата излегува на површина. Коста Начевски директор на Дрисла, поставен од Петре Шилегов брутално вчера ја излажа јавноста дека не планира купување на луксузен џип за своите потреби како директор, реагира советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува нивното соопштение и аудио материјал испратен од нив:
Еве и доказ и признание за тоа. На он лајн седницата на совет на град Скопје претставникот испратен од Начевски и Дрисла, Дијана Велјаноска Живановиќ изјави: да се купуваат три џипа, од кој еден е за потребите на директорот” затворен цитат. Таа додава дека багери нема да се купат, но пари за џипови има.
Во прилог доставуваме и аудио снимка од нејзиното обраќање и признание во отворениот дел од седницата. Ова аудио снимка е доказ за ненормалната ситуација и забеганоста на Шилегов.
Лажовот Шилегов и манипулаторот Начевски се фатени во лага, и треба да и се извинат на јавноста.
Но она што е многу поважно, тоа е да ја стопираат одлуката за купување на џипови за луксузирање на Шилегов и Начевски.
Тоа не е потреба на која треба да се мисли во состојба кога државата е во економска криза. Наместо решавање на проблемите кадарот на Шилегов се фати за подновување со џипови.