Екипите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Градски паркинг“ утре ќе спроведат акција за кастрење гранки на отворени паркинзи на повеќе локации во општина Центар. Поради тоа овие паркинзи ќе бидат затворени, а станарите и правните субјекти во текот на денот можат да се паркираат на катната гаража кај „Беко“.
– Акцијата се спроведува поради овозможување поголема видливост на возачите, ослободување на патната сигнализација и поголема прегледност и безбедност во сообраќајот, соопшти Град Скопје.
Кастрењето гранки ќе се спроведе на паркингот А5 (улица „Орце Николов“ бр. 20, 29 и без број, улица „Скопска“ бр. 9), паркинг А6 (улица „Максим Горки“ бр. 1, 3, 3а, 5, 7, 8а, 9, 10, 11, 14, 16, 16а, 17, 18, 19, 20 и 21, „Осма ударна бригада“ бр. 2, 20, 20а, 20б, 24 и 31а, „Васил Главинов“ бр. 7а и 7б, „Скопска“ бр.9, 9а, 15 влез 1 и 2, „Лермонтова“ бр.3 и „Никола Вапцаров“ бр.2, 8 и 18). На паркингот А1 (булевар „ВМРО“ бр.1 влез, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и бр.3) и на паркингот А3 (улица „Даме Груев“ бр.7 блок 4 со влезови од 2 до 9 и улицата „Вељко Влаховиќ“ бр.21 и 23).