четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода дел од Карпош

Без вода дел од Карпош

Поради уличен дефект ф-100 мм на ул. Анкарска 17, прекинато водоснабдување ќе има во дел од скопски Карпош.

Без вода од 10 часот ќе бидат корисниците на улиците „Анкарска“, „Атинска“, „Бахар Моис“, „Наум Евро“, „Панче Пешев“, „Њуделхиска“ и дел од „Дрезденска“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.