понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода дел од Карпош, Бутел и Гази Баба

Без вода дел од Карпош, Бутел и Гази Баба

Од 08:00 часот утрово без вода ќе бидат корисниците од ул. „Ленинова“ на потегот од „Никола Тримпаре“ до бул. „Партизански одреди“, поради промена на вентил (затворач) 6/4 на ул. „Мирослав Крлежа“ бр.39.

Од 09:00 часот, пак, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од „Лазар Поптрајков“, како и дел од корисниците од ул. „Ташко Караџа“ во општина Гази Баба. Причината за прекинот е водоводен приклучок на ул. „Лазар Поптрајков“ бр.20.

Од 09:00 часот поради изведување водоводен приклучок од Ф-150 мм на бул. „Босна и Херцеговина“ (кај социјалните згради) во населба Бутел, вода нема да имаат корисниците од бул. „Босна и Херцеговина“ (четирите социјални згради). Прекинот ќе биде до санирање на дефектот.