понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода дел од корисниците на две улици во Капиштец и Тафталиџе

Без вода дел од корисниците на две улици во Капиштец и Тафталиџе

Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците на улиците „Козара“ во Капиштец и „Варшавска“ во Тафталиџе, информираат од „ЈП Водовод и Канализација“ – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето во населбата Капиштец е поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф 80 милиметри на улица „Козара“ 21 и ќе трае од 9 часот, па до санирање на дефектот.

Додека во Тафталиџе поради дефект во шахта на улица „Варшавска“ број 7, прекинато водоснабдување од 10 до 12 часот ќе имаат корисниците од оваа улица со броевите 5, 7 и 9.