петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода дел од корисниците на неколку улици во Кисела Вода

Без вода дел од корисниците на неколку улици во Кисела Вода

ЈП Водовод и канализација-Скопје известува дека денеска поради уличен дефект ф-300 мм на „Киро Фетак“ 1/11, без вода ќе бидат дел корисниците на улиците „Киро Фетак“, „Малешевска“, „Славка Динкова“, „Коперникова“ и „Румена Хаџипанзова“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 до завршување со активностите. (МИА)