сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода дел од неколку улици во Општина Центар

Без вода дел од неколку улици во Општина Центар

Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од улиците „Борка Талески“, „Рајко Жинзифов“, „Апостол Гусларот“ и дел од ул. „Стефан Јакимов Дедов“ во Општина Центар.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот со водоснабдувањето е поради водоводен приклучок ф-80 мм на ул. „Стефан Јакимов Дедов“ бр.18, а ќе биде од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.