среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода дел од Шуто Оризари и Визбегово

Без вода дел од Шуто Оризари и Визбегово

Без вода денеска од 8:20 часот се дел од корисниците лоцирани на улицата „Македонско-косовска бригада“, од крак број 17 до 31 и дел од улицата „3“ во Визбегово.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен водоводен дефект од ф-80 мм на улицата „Македонско-косовска бригада“ крак 17 без број, кај џамијата во населбата Шуто Оризари.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување со работните активности.