Поради предизвикан уличен дефект на водоводната цевка Ф 80 милиметр на улица „Московска 10“ прекинато е водоснабдување на корисниците од од оваа и од улиците „Софиска“, „Гаврил Лесновски“ и „Бриселска“ во скопската населба Тафталиџе.
Како што информира ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје водоснабдувањето е во прекин од 16:10 часот и ќе трае до отстранување на дефектот. (MИА)