четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода дел од Визбегово

Без вода дел од Визбегово

Поради уличен дефект на „Јадранска Магистрала“ бб, во близина на Комодита, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Индустриска зона Визбегово, вклучително центарот за дијализа „Диаверум“.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:45 часот до завршување со санација на дефектот.