Поради оштетена цевка ф-80 милиметри од страна на приватна фирма на улица „Гари“ број 6, прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од оваа и соседната улица „Ринхини“ во скопската населба Влае, соопшти ЈП „Водовод и Канализација” – Скопје.
Водоснабдувањето е прекинато од 12:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот, информираат од градскиот водовод.