петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода неколку скопски улици

Без вода неколку скопски улици

Поради дефект, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на улицата „Осло 11“, како и улиците „Будимпештанска“ и дел од „Варшавска“.

Како што информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до отстранување на дефектот.

Поради изведување на водоводен приклучок, без вода од 09:40 часот се и корисниците од улиците „Севастоплолска“, „Македонски кралеви“ и дел од „Кримска“.