среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода неколку улици во општина Гази Баба

Без вода неколку улици во општина Гази Баба

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 11:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Трифун Хаџијанев“, „Ташко Караџа“, „Јани Лукровски“ и „16-та Македонска бригада“- ниска зона, во Општина Гази Баба.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект на „Трифун Хаџијанев“ бб (во близина на Комерцијална Банка).

Корисниците ќе бидат без вода до санирање на дефектот.