четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода потегот од бугарска амбасада до „Никола Тримпаре“ и дел од „Аминта Трети“

Без вода потегот од бугарска амбасада до „Никола Тримпаре“ и дел од „Аминта Трети“

Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-150 мм на крстосницата булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов/Аминта Трети” денеска ќе има прекинато водоснабдување.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација” без вода ќе бидат корисниците на дел од булеварот, потегот од Амбасада на Република Бугарија до Никола Тримпаре и дел од „Аминта Трети“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09 часот до завршување со работните активности.