Без вода денеска од 11:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Јужноморавски Бригади“.
Прекинот со водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, е поради уличен дефект ф-100 мм на „Јужноморавски Бригади“ 19б.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.