среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода улиците „Филип Филиповиќ“ и „Гемиџискана“

Без вода улиците „Филип Филиповиќ“ и „Гемиџискана“

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известува дека денеска без вода ќе бидат корисниците од улиците „Филип Филиповиќ“ и „Гемиџискана“ во Железара.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улица „Филип Филиповиќ“ бб, во близина на ООУ „Григор Прличев“.

Корисниците ќе бидат без вода од 09:00 часот до завршување со работните активности.