Од 9 часот утре без вода ќе бидат корисници на дел од ул. „Атинска“, бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ згради бр.72 и 74 и пунктот на Пожарна во општина Карпош, соопшти РЦУК по известување од ЈП „Водовод“.
Прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради промена на два затворача од Ф-400мм на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ на крстосница со бул. „8 Септември“ во населба Тафталиџе и ќе трае до завршување на интервенцијата.