четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода утре дел од општина Кисела Вода

Без вода утре дел од општина Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека на ден 21.04.2022 година (четврток)  :

Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф 100 мм на ул. Благоја Гојан крстосница со ул. Св. Наум Охридски и поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф 80 мм на ф 150 мм на ул. Кавалска крстосница со ул. Св. Наум Охридски, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Благоја Гојан, ул. Кавалска и дел од Св.Наум Охридски. (Општина Кисела Вода)