понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода утре корисниците од неколку улици во општина Гази Баба

Без вода утре корисниците од неколку улици во општина Гази Баба

Намален притисок во водоснабдувањето и можност за целосен прекин утре од 9 часот ќе имат корисниците од неколку улици во општина Гази Баба поради санација на улични дефекти во населбата Ченто, соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје.

-Со намален притисок и можност за целосно прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.„Методија Андонов Ченто“, „Финска“, ул.4 (Економија), „Радован Ковачевиќ“, ул.2 и ул.6 (Стајковци) и со целосно прекинато водоснабдување ќе биде ул. „Роман Каскалиевиќ“, информира претпријатието.

Прекинот односно намалениот притисок во водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектите.