Од ЈП Водовод и канализација информираат дека утре од 7.00 часот без вода ќе останат корисниците од ул. „15-ти Корпус“ во Општина Гази Баба, како и сите деловни објекти лоцирани на неа.
Прекинот на водоснабдување е поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. „15-ти Корпус“ бр.15 во населба Автокоманда и ќе трае до завршување на работата.