Службата за наплата на ЈП Водовод и канализација Скопје в петок ќе работи до 12 часот, а во сабота воопшто нема да работи, информираат од Јавното претпријатие.
Причина за ограниченото работење на благајната, посочуваат, е новиот програм за работа за кој, како што велат, во моментов се вршат последните подготовки за непречено функционирање.