Поради поврзување на нова водоводна мрежа од Ф-300 милиметри на улица „Алберт Станиќ“ број 35 во населба Чаир, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Војдан Чернодрински“ и „Исмаил Кадаре“, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 09:00 часот, па се до завршување на активностите.